Сопругот на Тања Ковачев се вработил во АД „Аеродроми“, пратеничката не пријавила
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2019
Сопругот на Тања Ковачев се вработил во АД „Аеродроми“, но пратеничката од редовите на СДСМ не го пријавила тоа никаде, наведе Комисијата за спречување на корупција на денешната седница на која се отвораат случаи за непотизам.
Антикорупциска откако го констатира ова, одлучи да покрене прекршочна постапка против Ковачев како нов случај за можен непотизам, откако во претходниот период беа отворени дузина вакви случаи по што многумина пратеници ги повлекоа своите блиски од работните места.
Ќе се проверуваат и уште пет вработувања во оваа институција, а извештајот од ДКСК ќе го достават и до Владата.
ДКСК исто така донесе одлука да провери 36 вработувања во УЈП ангажирани преку Агенцијата за привремени враборувања.
И тука на ваков начин била ангажирана сестрата на Ковачев, Катарина Јакимовска.