27 Јули, 2024
0.0351

СОПСТВЕНИЦИТЕ ГИ ЧЕКАА УШТЕ ОД ЈУНИ, АМА НАБРГУ ЌЕ ГИ ДОЧЕКААТ - следува 22 емисија обврзници за денационализација, вреди 4,5 милиони евра

Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Заинтересираните граѓани ги чекаат уште од јуни годинава, ама изгледа дека до крајот на овој месец или почетокот на следниот сигурно ќе ги дочекаат.

Станува збор за обврзниците за денационализација и тоа 22 емисија, кои се однесуваат на сите кои добиле правосилни решенија за обесштетување од почетокот до крајот на минатата година. Според најавите од Министерството за финансии, до крајот на месецов ќе биде објавен Проспектот за 22 емисија, што би значело дека најверојатно обврзниците ќе се издадат на почетокот на декември.

А, граѓаните кои имаат правосилни судски решенија во нивна корист за обесштетување по основ на денационализацијата, за Фактор велат дека уште од јуни ја чекаат таа емисија. Нагласуваат дека така им било ветено од државата.

„Од кога ги чекаме обврзниците. Имаме правосилно судско решение за обесштетување, и од Владата првично ни беше речено дека емисијата ќе биде во јуни годинава, но оттогаш поминаа веќе пет месеци, а емисијата уште ја нема, постојано се одложува. Тие пари ги очекуваме и многу ни значат“, вели за Фактор една граѓанка, која нагласува дека веднаш планира обврзницата да ја продаде преку Берзата со одреден попуст, и дека на тој начин планира да си дојде до своите парични средствам, кои ги очекува со години наназад.

Фактор го праша Министерството за финансии дали е точно дека доцни 22 обврзница за денационализација, зошто доцни и дали е причина што, како што се шпекулира, државата нема доволно средства за да ја исполни оваа своја обврска кон граѓаните, како и кога ќе се издаде 22 обврзница за денационализација.

Од Финансии ни одговорија дека Министерството до крајот на овој месец ќе го објави Проспектот за емитување на 22-та Обврзница за денационализaција, а износот ќе биде 4,5 милиони евра.

„Со оваа Обврзница ќе се обесштетат сите лица со правосилни решенија за денационализација во период од први јануари 2022 година до 31 декември 2022 година. Како и за досега објавените обврзници, средствата се исплаќаат на 10-годишни рати со годишна камата од 2 отсто. Обврзниците може да се тргуваат на Македонската берза АД Скопје. При тоа, напоменуваме дека имателите на обврзници за денационализација може предвреме да ги добијат средствата преку нивно тргување на Македонската берза АД Скопје“, објаснија за Фактор од ресорот со кој раководи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Овие обврзници граѓаните можат или да чекаат да си ги добијат средствата во тие десет ануитети, односно секоја година по една десетина од сумата плус каматата, или да ги искористат за отплата на станови во општествена сопственост, доколку такви се уште воопшто постојат, или да ги продадат преку Берзата.

Инаку, државата досега има издадено 21 емисија на Обврзница за денационализација, а вкупниот износ на тие обврзници е 391,2 милиони евра. Тоа значи дека досега толку пари потрошила земјава за да ги обесштети сопствениците на некогаш неправедно одземените имоти.

Од Министерството за финансии уште и за Фактор нагласуваат дека согласно измените на Законот за издавање на обврзници на РС Македонија за денационализација, предвидено е емитување на 25 емисии за исплата по решенија за денационализација.

Последна емисија беше 21-та емисија, и таа беше издадена на сума од 6 милиони евра, на 26 мај 2022 година. Првиот ануитет, односно една десетина од сумата плус каматата, е веќе исплатена на 1 јуни 2023 година, а последната исплата треба да биде на први јуни 2032 година.

Конкретно, обврзниците од 21 емисија на Берзата се продавале по цена од 92,93 или 94 отсто од вредноста. Последното тргување било на 7 ноемнври годинава и продажната вредност била 92 проценти. Или на пример за обврзница од 100 илјади евра, граѓанинот успеал да си поврати 92 илјади, но не морало да чека 10 години, туку веднаш си го добил најголемиот дел од обесштетувањето.

Инаку, пак, како купувачи односно вложувачи во вакви државни хартии од вредност, кои важат за доста сигурни, се јавуваат главо институционални инвеститори, односно пензиски и инвестициски фондови.

Преку овие обврзници, државата се раздолжува кон сопствениците на присилно одземените имоти за време на социјализмот, после втората светска војна, под образложение дека се потребни за општокорисни цели.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија