Сопственикот на „Аитоникс“ влегува во бизнисот со струја
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2022 07:30
Јордан Димитровски, сопственикот и генерален директор на „Аитоникс“, влегува во бизнисот со производство на електрична енергија. Еден од најпознатите бизнисмени во ИКТ-секторот го регистрирал правниот субјект „Виан Енерџи“, но вели дека засега е рано за конретни одговори за проектот.
- „Виан Енерџи“ е новосоздадена компанија која се уште нема отпочнати активности. Како што е наведено и при самата регистрација на компанијата, истата има намера да разработува проекти во секторот на енергетика, но е потребно време за да се дефинираат деталите околу бизнис планот, концептот, инфраструктурата и конкретните чекори со кои би започнале со работа. Затоа во моментов не би можеле да споделиме повеќе информации, а истото со задоволство би го направиле откако ќе започнеме со дејност, вели Димитровски.
AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија), а годишно во просек има обрт од околу 10 милиони евра.
AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови, а освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија.
Од нејзиното основање во 2002 година, денешен „Аитоникс“ беше познат како „ТДК Компјутери“. Така е сѐ до 2018 година, кога друштвото одлучи да се ребрендира.
Аитоникс АД Скопје за 15 милиони евра во 2020 во конзорциум со операторот Крејон Македонија доби јавна набавка за софтверски лиценци за Владата, вклучувајќи и други државни органи, јавната администрација и едукативните институции по склучениот тригодишен договор со Генералниот секретаријат.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




