Спасовски до Пандов: Постои полиција за чување на гробот на Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2023 13:23
Министерот з авнатрепни работи, Оливер Спасовски, ги повика граѓаните да не потпаѓаат на повиците на Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, за чување на гробот на Гоце Делечев на 4 февруари и потенцираше дека тоа е стриктно работа на полицијата. Имплицитно, Спасовски му порача на Пандов дека нема да му биде дозволено „да биде над државата“.
- Често имаме прилика да слушаме од разни патриотски здруженија, патриотски институти и политичари коишто дека тие можат тоа да го направат. Значи, немојте како граѓани да подлегнувате на повик на кои било политички субјекти и да превземате надлежност на институциите. Ова е порала до сите коишто сакаат да учествуваат, порача Спасовски.
Тој дополни дека минатотот покаќало дека тие што „ја чувале демократијата, државата и националноста“ останувале нечепнати, а подебелиот крај го извлекувале оние што биле нивни послушници и реализатори.
- Секој да остави да биде чествувањето достоинствено, а државните институции се тука за да се грижат за редот и безбедноста во државата. Никому во оваа држава нема да му биде дозволено да биде над државата.
Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“, претходно обзнани дека ќе се организира херојска стража и ќе има целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




