СПАСОВСКИ ГО ОБЈАВИ ТРЕТИОТ СЕТ МЕРКИ: Помош од 355 милиони евра за 730.000 корисници
Објавено во: Економија 17 Мај, 2020 13:11
Премиерот денеска го објави третиот сет економски мерки кој го утврди Владата и како што рече дека ако со првите два пакета мерки се ублажуваше одразот на здравствената криза врз економија во земјава, сега се оди чекор понатаму.
-Третиот сет мерки се однесуватат на ревитализација, на опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата. Тоа се таргетирани мерки, директна помош од државата и на граѓаните и на стопанството. Се подржуваат сите категории, и социјално ранливите групи и бизнисите.Станува збор за директна финансиска поддршка на граѓаните, за заживување на стопанството, награда за здарвственте работници, истакна премиерот Спасовски.
Тој рече дека е заклучено дека првиот и вториот сет мерки беа навремени и сериозни за спас на работните места, никој да не биде изоставен и точно димензионирани со кои беа запрни трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални.
-Претходните два сета мерки создадос услови за третиот пакет економски мерки кој има за цел да ги заживее,со нова динамика домашните економски дејности. Преку директна финансиска поддршка ќе се овозможи заживување на домашната економија со среднорочни и долгорочни мерки за ревитализација за да се зголеми потрошувачката и со новата развојна економија ќе ја зголемиме нашата конкурентост во регионот и пошироко. Во фокусот на сите три пакети се граѓаните, социјалната сигурност и креирање амбиент за полесно надминување на кризата, рече Спасовски.
Вредноста на третиот пакет изнесува 355 милиони евра за 730.000 корисници.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




