Спасовски кажа кога е направена последната контрола за техничката исправност на автобусот
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на прес - конференција изјави дека преносот на телата на загинатите од Бугарија во земјава ќе биде на товар на државата.
Очекува брза реакција на службите и дека ќе има одговор на сите нејаснотии околу оваа трагедија, со што ќе има ефикасно утврдување на одговорност. Рече дека на 5-ти октомври е направена контрола на техничката исправност на автобусот.
Се заблагодари на институциите во Бугарија за соработката. Спасовски кажа дека има 45 загинати и 7 повредени. Министерот не сакаше да шпекулира која е причината за несреќата, додека нема официјални информации.