16 Јануари, 2025
0.0257

Спасовски: Македонија нема да биде заобиколена од безбедносни ризици

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Денес не постои дел или делови од општеството кои не се предмет на закана, кажа денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на научно- стручната дебата „Функционирање на безбедносниот систем на Република Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба-менаџирање и справување со кризи“ која се одржува на Скопски саем.

Објасни дека Македонија, со својата местоположба, како и со јасно декларираните национални приоритети – целосна интеграција во евроатлантските структури - ниту била ниту ќе биде заобиколена од разните форми и видови безбедносни ризици. Спасовски вели дека државата мора да биде заштитена, но, потенцира, не од граѓаните, туку во интерес на граѓаните кои се смисолот за постоење на државата.

„Колку за илустрација, токму на денешниот ден пред 21 година бевме сведоци на еден од најгрозоморните терористички облици на делување – атентат врз претседателот на државата Киро Глигоров. Минатата година пак, мигранскиот бран, чие што жариште блискиот Исток, ни малку не дава надеж за скорешно гаснење, како и августовската трагедија во која природата за еден миг одзеде триесетина наши сограѓани, многу сериозно предупредуваат дека немаме право на опуштање или на потпирање на некакви други фактори или видови на помош. Помошта можеби и ќе дојде, но најважно е времето пред нејзиното доаѓање: да се процени, да се предупреди, да се дејствува“- вели Спасовски. 

Потребна е изградба на флексибилен, ефикасен, технички модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво, способен првенствено за валидно евидентирање, анализа и проценување на заканите, како и на мултиинституционален систем за соодветен одговор кон истите.




Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката