Спасовски: Патот беше долг, но наградата што стигна денес беше заслужена
Објавено во: Македонија 30 Март, 2020
Патот беше долг, но наградата што стигна денес беше заслужена, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски по кревањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел.
Вели дека по осамостојувањето земјата тргна во оваа насока, но последните години се направени клучни, историски одлуки.
„Со големите одлуки станавме подобра држава, подобро општество“, рече премиерпт.
Вели дека Македонија ќе остане добар сосед во регионот и ќе ги зајакне сите капацитети.
Спасовски изјави дека овој ден немаше да се случи без САД, ЕУ, и нашите соседи и сојузници.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека и посакуваат добредојде на Македонија со подигнување на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел.