15 Мај, 2024
0.0294

Спасовски: Претседавачот Вељаноски најгрубо го прекрши Деловникот на Собранието

Објавено во: Македонија 06 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ, оцени дека Трајко Вељаноски на најгруб начин ја злоупотреби позицијата претседавач на конститутивната седница на Собранието и го прекрши Деловникот.

- Денеска во Собранието на Република Македонија, парламентарното мнозинство, врз основа на одредбите од Деловникот за работа на Собранието легитимно побара од претседавачот на конститутивната седница да стави предлог на гласање согласно членот 79 став 2, во кој стои дека во текот на расправата може да се побара да се премине на наредната точка од дневниот ред.

Ова го направивме се со цел да се одблокира оваа седница на Собранието, за да може да се избере претседател и на тој начин Собранието, како највисок законодавен и претставнички дом на граѓаните, да биде во полна функција. Наместо да се испочитува деловникот и претседавачот со седницата да го стави овој предлог на гласање, заради тоа што во Деловникот, во оваа одредба јасно и прецизно стои дека без расправа се преминува на гласање, уште еднаш Трајко Вељаноски покажа како на најгруб начин се крши Деловникот на Собранието и се узурпира позицијата на претседавач на конститутивната седница.

Се ова го правиме во интерес на граѓаните на Македонија заради тоа што навистина премногу време помина во неплодна дебата, во жалопојки и плачења дека некој треба да премине во опозиција, односно зашто ВМРО-ДПМНЕ треба да остане во опозиција. Не е крај на светот. Лошо е ако граѓаните на Република Македонија не можат да си ги остваруваат своите права, лошо е тоа што многу решенија кои треба да бидат дебатирани и донесени од страна на овој законодавен дом, а се однесуваат на граѓаните не можат да бидат донесени заради оваа блокада. 

Стечајците не можат да го остварат своето право, не можеме да дискутираме и донесеме одлука за екстерното тестирање, не можеме да разговараме за зголемување за платите и за многу проекти кои беа понудени пред граѓаните. Од тој аспект сметам дека пред се треба да преовладува разумот и секој од пратениците во Собранието да се однесува одговорно и на позицијата која ја има и која ја добил од граѓаните.

Затоа, врз основа на Деловникот, ќе продолжиме да го бараме она што е наша обврска и во името на граѓаните, да направиме се за да се одблокира работата на Собранието - рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци