05 Мај, 2024
0.0271

Спектакуларно: „Скопски пазар“ нашол купец што ќе плати 1,82 милиони евра за 4,65 отсто сопствени акции!?

Објавено во: Економија 31 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Која фирма ќе купи акции по цена 4 пати повисока од пазарната? „Скопски пазар“ вели дека има купувач затоа што има предлог одлука за претстојното акционерско собрание. А ако се премисли купувачот „Скопски пазар“ ќе ги поништи тие 3.980 акции и за тоа ќе плати 0,2 милиони евра од сопствената акумулирана добивка.  И законски се е легално и „цаком паком“! „Скопски пазар“, една од најпознатите скопски малопродажни мрежи со 14 супермаркети и дисконт како и сопственик на 14 пазари со 3.300 тезги, ќе понуди на познат купувач во приватна понуда 3.980 сопствени акции со право на глас за цена од 1,82 милиони евра, односно по единечна цена од 28.212 денари за акција, пишува во предлог одлуката што ќе ја гласаат акционерите на оваа компанија Оваа предлог одлука е спектакуларна затоа што компанијата го нуди пакетот на познат купувач по цена  речиси 4 пати повеќе од последната пазарна цена на таа акција која изнесува 7.200 денари и е постигната во средината на март, годинава. Во предлог одлуката, објавена на страницата на берзата, дури е наведено дека постои правно лице кои во приватна понуда за познат купувач ќе плати 28.212 денари за акција. Називот на правното лице не е наведен, но пишува дека е со седиште од Скопје. Останува да видиме која е компанијата што би платила 4 пати повеќе од пазарната цена на акција и тоа за 4,65 отсто од акциите со право на глас. Се на се тоа е 1,82 милиони евра. Многу е интригантно тоа што во предлозите објавени за претстојното собрание кое треба да се одржи на 20 април годинава има и предлог одлука за намалување на основната главнина на компанијата за 4,65 отсто односно за истите 3.980 акции кои се нудат на продажба по цена од 28.212 денари за акција. Во тој случај од акумулираната добивка на компанијата ќе се повлечат 0,2 милиони евра и ќе се поништат 3.980 акции со право на глас кои сега се сопствени акции на „Скопски пазар“. При поништувањето акцијата би вредела 3.100 денари, а при приватна понуда над 22.000 денари. „Виничка трговија“ - нема збор. Доколку излезе така има уште една предлог одлука во која ќе се намали бројот на обични акции – кои носат право на глас за 3.980 акции и ќе изнесува 66.957 акции наместо досегашните 70.937 акции со право на глас. Соодветно износот на основната главнина на друштвото ќе биде 4,17 милиони евра. Кој и што добива од ова? Прво, за да биде регуларна целата постапка ќе мора да се отпочне, а потоа и да се затвори постапка пред надлежната државна институција – Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Надоместокот што ќе биде платен на КХВ за оваа опреација изнесува 0,8 отсто од вредноста на приватната понуда и тоа е , во овој случај 0,8 отсто од 1,82 милиони евра односно околу 14.500 евра ќе земе регулаторното тело за оваа операција. Доколку купувачот не може да ги плати во дадениот рок парите односно 1,82 милиони евра тогаш постапката ќе се затвори како неуспешна приватна понуда за откуп на тие 3.980 акции со право на глас. И тогаш „Скопски пазар“ ќе може да си ги реализира другите две одлуки: прво, да ги поништи акциите и тоа да го плати со средства од акумулираната добивка и по тоа да ја усвои одлуката со која ќе има 66.957 акции со право на глас. Во овој случај плаќа компанијата, а добиваат лично сите акционери поединечно заради тоа што нивните стекови ќе се зголемат соодветно односно за по 4,65 отсто од тоа што го поседуваат како акции на денот на поништувањето на акциите кои сега се во сопствен откуп. Заради тоа што се намалува вкупниот број на акции со право на глас, а истовремено бројот на нивните акции не се менува. Секако ова е најпогодно за најголемите поединечни акционери скопското семејство Давитковски: мајката Тодорка со 11,36 отсто и нејзиниот син Сашо со 11,87 отсто од акциите. Дополнителна придобивка е тоа што ќе се намали износот на акции кои друштвото ги има во сопствен откуп и кој изнесува 11,24 отсто сега и тие акции се без право на глас и без право на дивиденда. Доколку овој износ од актуелните 8.058 акции се намали за 3.980 акции во сопствен откуп ќе останат 4.078 акции и тоа од вкупниот број на обични акции, кој по поништувањето ќе биде 66.957 ќе изнесува 6,1 отсто ќе остави простор за докупување нови 2.600 акции кои сега се слободни и се во раце на некои акционери. Оваа компанија, која според нивниот годишен извештај има пазарно учество од 3 отсто од целокупната македонска трговија на мало во обем што надминува 17 милијарди денари, пред неколку години во една деловна операција веќе го намали бројот на акции со право на глас. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?