26 Април, 2024
0.0287

Спие ли мирно Слободан Кутревски?

Објавено во: Економија 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Од записникот од собранието се гледа дека иако реагирале малите акционери дури и се заканиле дека заради кршење на нивните права ќе поднесат тужба Кутревски ја изгласал одлуката со која сам на себе акционер на директор си подели награда до 72 милиони денари односно 1,17 милиони евра. Што ги чека малите акционери ако овој преседан стане правило и ако ова почнат да го прават други мнозински акционери во домашните фирми чии акции котираат на берза?

„Пекабеско“ е најголемиот преседан на 25 годишната македонска корпоративна историја. Дали Слободан Кутревски е најалчниот и најбезобзирен директор чие алтер его е најголем поединечен акционер во најголемата македонска месна индустрија? Овој човек сам на себе си додели награда за успешно работење од 1,17 милиони евра (бруто износ) и со тоа направи преседан според кој повеќе од 60 отсто од добивката ја доделува за награда сам на себе. Притоа ниту еден друг од менаџерскиот тим не добива награда и ниту еден акционер не добива дивиденда.

Од записникот на собранието се гледа дека малицнски акционери реагирале на овој предлог и дека барале друштвото да не носи ваква одлука со која ќе го наруши својот углед и имиџ. Но тоа не поминало кај членовите на семејтсвото Кутревски присутни на собранието. Тие опонирале дека одлуката е законска и дека за тоа добиле потврда со писмо и од Комисијата за хартии од вредност. Кога малите акционерите најавиле дека ќе тужат за да докажат дека се обесправени затоа што дивиденда не се дели, а се дава награда на само еден директор претставниците на семејството Кутревски рекле дека се подготвени и за судски процес во кој ќе ја докажат легитимноста на својата одлука.

За одлуката има 26.959 гласа за и уште 724 гласа против. Слободан Кутревски доби награда од 1,17 милиони евра за своето работење со кое лани на друштвото му донел добивка од 1,94 милиони евра. Од бројките се гледа дека 60 отсто до целата добивка на „Пекабеско“ е награда за „супердиркеторот“ Слободан Кутревски. Повеќе од сигурно е дека ако овој преседан стане правило при распределба на добивките за кратко време Македонската берза за хартии од вредност ќе банкротира, а експертите од Комисијата за хартии од вредност ќе нема што да работат ниту пак некој ќе има потреба од нивата експертиза.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на инвеститорската заедница побара објаснување на овој случај од КХВ и одговорот што ќе го добиеме од таму ќе го објавиме во целост.

Целиот записник од Собранието е достапен на СЕИ НЕТ платформата на Македонската берза за хартии од вредност. 

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија