Добивај вести на Viber
Петметарски споменик на Неџат Аголи е поставен денеска во Скопје, како дел од проектот „Скопје 2014-та“. Споменикот е дело на скулпторот Исмет Рамичевич.
Спомениците на албанските личности што се дел од проектот „Скопје 2014“ се поставени по барањето на Демократската унија за интеграција, за трансформирање на овој проект од моноетнички во мултиетнички, одразувајќи се на мултиетничкиот карактер на градот Скопје, објави „Коха“.
Пратеникот на ДУИ Артан Груби попладнево се сликаше пред новопоставениот споменик на плоштадот во Скопје.
На неговиот Фејсбук профил тој објави фотографија со следниот коментар: "Со Неџат Аголи во бронза, на плоштадот на главниот град на Дарданија и Косовскиот вилает. По бројќи можеби ги има малку нашите споменици но, со голема вредност и не се споредуваат со ниту еден друг".
По поставувањето на споменикот на Аголи, се очекува да бидат поставени и неколку други споменици на личности од албанската историја во централното градско подрачје, како што се споменикот на Петар Богдан во „Жена парк“ и споменикот на познатиот преродбеник Јосиф Багери.