Спорот за името лошо влијае и врз Грција?
Објавено во: Балкан 19 Август, 2013 18:51
Поради проблемот со Скопје и името, како и низата настани без резултати, паѓа грчкото влијание во регионот, пишува грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос во колумна за неделното издание на весникот „Катимерини“ .
Според Аврамопулос сега треба да се истакне дека соседите на Грција гледаат како на врата кон Европската унија и модел за модерна демократија, развој и напредок.
„Грција во изминатите децении имала многу важна улога како мост на земјите од Југоисточна Европа кон Европа, а преставувала и столб на стабилност во поширокиот регион“, забележува Аврамопулос кој семата дека иако кризата во Европа трае, Грција се враќа во својата геополитичка средина и презема нова улога.
„Оваа нова геополитички стабилна и стабилизирачка улога на нашата земја ја носиме и во нашите односи со соседните земји, Европа и САД, без да ја оставиме традиционалната мултидимензионална надворешна политика и цели во поширокиот географски регион и светот“ , стои во колумната.
Аврамопулос изрази отворени пофалби за работата во грчкото МНР и подвлеше дека редефинирањето на стратешните односи со САД, што е резултат на иницијативите на грчката дипломатија во изминатата година, доведоа до зајакнување на стратегијата на Грција.
„Грчкото претседателство со Европската унија од 1 јануари 2014 година е можност за повторно претставување на Грција на геостратешката сцена, но и значаен придонес на Атина за ревитализација на трансатлантската алијанса, која историски е конституирана како фиксна оска на соработка и обединет фронт за решавање и надминување на кризите и заканите за глобалното општество“, заклучува грчкиот министер Аврамопулос .
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




