13 Мај, 2024
0.0255

СРБИЈА МУ ПОСТАВИ УСЛОВ НА КОСОВО: Имаат рок од три недели

Објавено во: Балкан 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Србија му постави услов на Косово. 

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Приштина има рок од три недели да започне со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО).

Доколку тоа не се случи, тој на прес-конференцијата во Белград изјави дека претставниците на Србите од Косово сами ќе започнат со создавањето на ЗСО. Рече дека за тоа имаат поддршка од српските власти, а создавањето на ЗСО е во согласност со домашното и меѓународното право, како и со Бриселскиот договор.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не може да има поделба и размена на територии меѓу Косово и Србија. На социјалните мрежи напиша: „Српскиот претседател Александар Вучиќ треба да разбере дека нашето трпение не е безгранично и ќе го заштитиме нашето право“. Меѓудругото ја повика Српска листа да се врати на масата и да дискутира за заедничките теми за доброто на сите граѓани, како и дека ултиматумот е погрешен пристап“.

Ѓуриќ реагираше на изјавата на Харадинај. Рече дека станало јасно дека во Приштина на власт се лица кои не сакаат мир, туку се подготвуваат за војна. 

Раговорите на српскиот претседател Александар Вучиќ со шефот на руската држава Владимир Путин и со меѓународните дипломати ги оцени како охрабрување за Србите на Косово и повтори дека Белград сака до дојде до решение по мирен пат, но и дека треба да се знае оти србија во секој поглед ќе ги штити интересите на српскиот народ.

Односите станаа тензични откако Ѓуриќ деновиве беше уапсен, па ослободен во Косовска Митровица. Тој се пожали на брутално однесување на косовската полиција, која му се заканувала со нож и калашников. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни