20 Декември, 2025
0.2977

Србија нема да подигнува огради на своите граници

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2015 16:14

Добивај вести на Viber

Србија нема да крева ограда на своите граници, увери премиерот Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник "Ханделсблат".

"Без разлика дали Хрватска ќе подигне ограда на границата со Србија, мојата влада нема да крева огради на државните граници, ниту кон Бугарија, ниту кон Македонија", истакна Вучиќ.

Тој исто така, посочи дека неговата земја не се соочува со хистерија од бегалскиот бран, иако таму влегле двојно повеќе мигранти во споредба со Хрватска и Унгарија.

На прашањето дали се разочарал од некои земји, Вучиќ изјави дека сретнал многу политичари кои од бегалската криза сакале да ја искористат и при тоа се претставувале како нагласено европски ориентирани.

Запрашан што очекува од ЕУ во рамките на бегалска криза, Вучиќ изјави дека ја смета германската канцеларка Ангела Меркел како "вистинска водечка личност во Европа", но дека "ја мрази позицијата на некои актери од нашиот регион", кои "секој ден плачат и се жалат "колку многу имигранти влегле на нивната територија.

Во исто време на новинарско прашање на маргините на бизнис форум во Москва, каде што пристигна денес на официјална посета, Вучиќ коментира дека "очигледно на Балканот има повеќе тензии и обиди за сеопфатна дестабилизација на односите".

Според него "некој вложува многу напор" за дестабилизација на односите на Западен Балкан и тој знае, но не сака да каже кои се овие сили. Александар Вучиќ потврди дека "ќе стори сé за да го зачуваме мирот и стабилноста во регионот" и дека тоа е приоритетна цел на српската влада. "Ако некому се потребни мир и стабилност, тоа е Србија", истакна Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација