20 Декември, 2025
0.0925

Србија забрзано го гради својот европски пат!

Објавено во: Балкан 01 Септември, 2013 09:13

Добивај вести на Viber

Србија од денес чекор поблиску до Европа, иако се чини вистинските потези на српскиот пат кон ЕУ допрва доаѓаат. Европскиот комесар за проширување Штефан Филе и го честиташе на Србија денешното стапување во сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) и нагласи дека Србија од 1 септември ќе биде „чекор поблизу до ЕУ“. Тој оцени дека ССА ќе и овозможи на Србија да ги достигне европските стандарди во различни области, што претставува камен-темелник на нејзиниот пат кон ЕУ. Филе наведе дека во 11 месеци од примената на Преодната трговска спогодба, извозот на Србија во земјите на ЕУ е зголемен за 4,8 отсто, додека суфицитот во трговијата со земјоделски производи со ЕУ од 2009 година пораснал за два ипол пати, и сега изнесува 500 милиони евра. ССА меѓу Србија и ЕУ стапува во сила на 1 септември, откако на 24 јули Унијата ја извести Србија дека е завршена постапката на ратификација на Спогодбата во земјите членки. Македонија оваа спогодба ја потпиша далечната 2001 година, но оттогаш наваму македонските чекори кон Европа беа бавни, па земјава се уште е само земја кандидат, статус кој го има од 2005 та.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација