Србија започнува онлајн пропагандна војна против членството на Косово во UNESCO
Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2015 11:56
Белград започнува онлајн кампања која ќе ја „шири вистината“ за српското културно и верско наследство во Косово и за лошите услови во кои живее српското малцинство на територијата на поранешната југословенска покраина. Ова го соопшти шефот на кабинетот на српската влада за Косово, Марко Ѓуриќ, цитиран од „Balkan Insight“.
Ѓуриќ изјавил дека српските власти ќе ангажираат волонтери кои ќе ја промовираат гледната точка на Белград. Пред неколку недели Србија неформално започна и неколку кампањи против членството на Косово во UNESCO.
„Не е доволно луѓето да го прават тоа спонтано. Треба државата да ги поддржи, за да може да се случува видливо и ефикасно“, коментирал Ѓуриќ.
Одлуката беше донесена на претстојното финално гласање за членството на Косово во UNESCO во ноември. Белград се противи на чекорот со аргументот дека Приштина не успеа во заштитата на српското културно наследство на територијата на Косово, откако дел од него било уништено од крајот на војната во 1999 година.
Косово е неспособно да ги штити српското културно наследство, а некои манастири и верски објекти веќе беа уништени, смета Белград.
Според Белград српската кампања ќе се рекреира со моделот кој Израел го користи за промовирање на нивната гледна точка онлајн. Освен тоа српската пропаганда ќе биде одговор на „обидите на платени интернет борци да преработи“ српската историја во Косово, изјавил Ѓуриќ.
Употребата на државно финансирани интернет активисти со цел да се влијае на јавното мислење стана популарно во последниве години, како класичен пример се руските оператори во „онлајн trolls“, кај кои вработените службеници пишуваат масовно позитивни коментари во новинските веб-сајтови и мрежите за улогата на Москва во украинскиот конфликт.
И покрај противењето на Србија, Извршниот одбор на UNESCO гласаше на 21-ти октомври и ја одобри кандидатурата на Косово да биде предложена за финално гласање на конференција на организација следниот месец.
Србија нема право да стави вето на членството на Косово, но владата вети дека нема да престанат обидите за престанок на пристапувањето на Приштина кон културната организација.
„Ќе продолжиме со дипломатските напори во следните денови, бидејќи борбата да се спречи членството на Косово во UNESCO не е завршена, без оглед колку е тешка“, коментирал Ѓуриќ.
Многу од најважните српски православни манастири и цркви се во Косово, вклучувајќи ги и манастирските храмови во Грачаница и Дечни, патријаршискиот комплекс во Пеќ (на албански Пеќ), кои веќе се во листата на предмети на културно наследство на UNESCO.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




