Србин паднал на мраз и починал на лице место
Објавено во: Балкан 04 Март, 2018
Голема трагедија се случи во Белград откако еден жител се лизнал на подмрзнатата улица „Господар Јован“ по што починал на лице место.
Засега од итната помош која прва интервенирала соопштуваат дека медицинската екипа само ја констатирала смртта. Починатиот најверојатно паднал на лице по што се здобил со тешки повреди.
Оваа несреќа доволно говори колку треба внимателност на лизгавите улици во зимски услови.