27 Април, 2024
0.7067

СРЕДБА АЗЕСКИ - ОТО ГРАФ: Има потенцијал за раст на извозот во Германија и за нови инвестиции во земјава

Објавено во: Економија 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, одржа работна средба со заменик амбасадорот на Сојузната Република Германија, господинот Ото Граф, соопштија од комората.

На средбата се говорело за билатералната економска соработка помеѓу Сојузната Република Германија и Република Северна Македонија, која што двете страни ја оцениле дека е на многу високо ниво.

Претседателот Азески истакнал дека Стопанската комора, како најголема и најстара коморска организација во земјата, е подготвен и сигурен партнер за продлабочување на соработката, создавајќи и поддржувајќи поволна бизнис клима која овозможува привлекување и одржување на развојни инвестиции, посебно преку учеството во Коморскиот инвестициски форум и поддршката на економскиот развој на регионот.

Азески ги претставил и актуелните проекти и стратешките активности на Комората, ставајќи акцент врз поддршката на компаниите во нивните активности, преку креирање Совет за напредни технологии вклучувајќи ја и дигитализацијата, имплементацијата на дуалниот систем на образование, зголемување на соработката меѓу домашните и странските компании, како и поддршка на извозните активности на домашните бизнис сектор.


Од особено значење е соработка со Унијата на германските индустриски и трговски комори –ДИХК, со која Комората во 2007 година потпиша билатерален меморандум за соработка, но и активно соработува на полето на проектни активности во рамки на Коморскиот инвестициски форум.

„Тој додаде дека, низ годините Стопанската комора на Северна Македонија има значајна соработка со федералното Министерство за економска соработка и развој на Германија, со коешто  во рамките на Отворените регионални фондови за Југоисточна Европа (Open Regional Funds for Sought East Europe), се спроведе Партнерскиот проект меѓу Асоцијацијата на балканските комори и Унијата на германските индустриски и трговски комори - АБК-ДИХК, за институционално зајакнување на балканските комори, поддршка на процесот на ЕУ-интеграција и унапредување на стопанската соработка меѓу регионот и Германија. Во рамките на истиот фонд, во март 2010 година Стопанската комора на  Северна Македонија влезе во Регионалниот проект со ГТЗ "Export Consultancy Network" - оформување на регионалната база  на стопански консултанти во различни области, стои во соопштението.

На работниот состанок, претседателот Азески и заменик амбасадорот на Сојузната Република Германија, Ото Граф, заклучиле дека соработката меѓу двете земји мора да продолжи со засилен интензитет, посебно на полето на економската соработка, зголемување на извозниот потенцијал на домашните компании и привлекување на што поголем број германски инвестиции.

Сојузната Република Германија е 16 години прв економски партнер на Република Северна Македонија и така треба да остане и во иднина. Во првите седум месеци од 2021 година трговската рамена меѓу двете земји изнесува 3,01 милијарди американски долари и бележи раст од  55,7 отсто, споредено со истиот период во 2020 година, кога изнесуваше 1,93 милијарди долари. Извозот за првите седум месеци од 2021 година изнесува 2,3 милијарди американски долари, и бележи зголемување од 59,2 отсто, во однос на истиот период 2020 година. Увозот изнесува 682,3 милиони доалри, и бележи зголемување од 44,8 отсто во споредба со истиот период во 2020 година. Во трговската размена остварен е суфицит од 1,6 милијарди американски доалри, кој во однос на минатата година е намален за 66,07 отсто.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра