20 Декември, 2025
0.0755

Средба Заев-Бартол: Членството во НАТО приоритет на новата реформска влада

Објавено во: Македонија 04 Април, 2017 21:20

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар, Оливер Спасовски денеска се сретна со шефот на НАТО канцеларијата во Македонија, Горазд Бартол.

Тема на разговорот беше процесот на формирање на новаата Влада во Р.Македонија и потребните реформски процеси за да се отворат перспективите кон ЕУ и НАТО.

- Приоритет на новата реформска Влада ќе биде членството во НАТО, соопшти претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој објасни дека фокусот кон евро-атлатските перспективи ќе обезбеди стабилизирање на Македонија, работа за домашните фирми и реални странски инвестиции, со што ќе се кренат животниот стандард, платите на граѓаните и ќе се отворат нови работни места.

- Програма на новата реформска Влада, на унитарна Македонија е посветена на економски напредок на граѓаните, во Македонија, едно општество за сите граѓани, рече претседателот Заев.

Заеднички оценето дека е од голема важност демократскиот развој на Република Македонија и е изразено очекување дека Македонија ќе се развива по тој пат.

- Имаме парламентарно мнозинство од 67 пратеници, кое што има, не само право, туку и обврска да избере претседател на Собранието и да овозможи да се формира новата Влада, согласно мнозинската волја на околу 700.000 граѓани. Затоа очекуваме во брзо време да биде избран новиот собраниски претседател, кој ќе го извести претседателот Иванов дека е должен да го даде мандатот, а потоа ќе се пристапи и кон формирањето нова Влада, најави претседателот на СДСМ.

Честитајки го 4 април, денот на НАТО, претседателот на СДСМ додаде дека новата Влада ќе биде силно посветена на реформите, како од НАТО агендата, за поголем буџет на одбраната, така и кон обезбедувањето правна држава, независно судство и развој на Македонија во фактор на стабилност во регионот.


Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име