29 Април, 2024
0.0503

СРЕДБИ СО КОЅИЈАС: Заев вели треба да сме одлучни, Џафери ја пофали економската соработка

Објавено во: Македонија 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Заев вели дека и оваа средба го зазема своето место како значајна во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на нашата земја, и дека се совпаѓа со еден исклучително позитивен момент кога се очекуваат трајни решенија за билатералните прашања во регионот во перспектива на очекувањата на Европската Унија.

„Фокусот на нашите разговори мора да биде иднината меѓу двете земји. Треба да сме одлучни, и да правиме чекори кои не водат поблиску до решението на единственото отворено прашање меѓу нашите две земји. Уверен сум дека овој пристап ќе доведе до решение кое ќе им даде доволно прифатливи аргументи на институциите во двете земји, како и на опозицијата, да прифатат дека тоа ќе биде достоинствено и за Република Македонија и за Република Грција“ – изјави Заев на средбата со Коѕијас.

И претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со Коѕијас.

Претседателот Џафери изрази задоволство од динамиката на директните билатерални средби со Република Грција, како и од средбите во рамки на Обединетите нации за изнаоѓање решение на едно прашање кое ги попречува двете земји да влезат во подлабока соработка со децении. Резултат на позитивниот дух кој се внесе од премиерите на двете земји во изминатиот период и кој е општо присутен во билатералните односи е одблокирањето на учеството на Република Македонија во Јадранско-јонската стратегија и имплементацијата на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. 

Џафери потенцираше дека членството во НАТО и во Европската Унија е мнозинска определба на сите граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност и дека актуелната Влада, Собранието на Република Македонија и тој лично како негов претседател, иако свесни за политичките последици што може да ги имаат на следните избори, решени се да постапуваат државнички, да ги заокружат поставените приоритети неопходни за членство во овие организации и да инвестираат долгорочно во унапредувањето на односите со сите соседи, вклучително со Република Бугарија и со Република Грција. Тој ги охрабри министрите во нивните идни чекори за изнаоѓање на решение и ја искажа подготвеноста на Собранието да го поддржи таквото решение. И покрај сложените политички односи, Република Македонија и Грција имаат добра економска соработка. 

Грција е четврт најголем инвеститор во Република Македонија, но она што недостига е немањето директна билатерална соработка со Парламентот на Република Грција, освен на маргините на мултилатералните состаноци и на регионалните иницијативи. Во таа насока, Џафери иницираше трилатерална средба меѓу парламентите на Грција, Македонија и Албанија, на која ќе се дискутираат можностите и начините за интензивирање на парламентарната соработка на сите нивоа во иднина. 

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски