Добивај вести на Viber
Повеќе делови од Скопје и околината ќе останат без струја во понеделник, а меѓу исклучените ќе биде и крстот на Водно. Како што јави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, во периодот од 9 до 15 часот струја нема на улиците Метохиска и Скупи, од 8.30 до 15.30 часот во селото Мирковци и блиската викенд-населба, како на дел од улицата Козле, Иван Милутиновиќ, врвот на Водно, Средно Водно и Горно Нерези и село Горни Крушопек.
Потоа од 12 до 15.30 часот прекин на електричната енергија ќе има во Ѓорче Петров на улиците Крсте Гермов-Шакир, Тодор Циповски-Мерџан, Мавровска и Воин Драшковиќ и Мавровска. Од 9 до 12 часот без струја ќе биде улицата Патрис Лумумба, а еден час порано- од 8 до 12 часот без струја ќе биде и Усјански канал.
Дел од корисниците од улицата Божидар Аџија струја ќе немаат од 8 до 9.30 часот. Прекините се прават поради тековно изведување на зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија, а со цел подобрување на снабдувањето.