26 Април, 2024
0.0318

СРЕДНОШКОЛЦИ БЕЗ ПРОБЛЕМ КУПУВААТ ЦИГАРИ - досега не е изречена ниту една казна

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Речиси на секој чекор можат да се забележат малолетници како непречено уживаат во никотин. Пред училиштата, на улици и речиси на сите локации, малолетни момчиња и девојки слободно конзумираат цигари. И во локалите низ градот во кое се оди на „по едно кафе“, речиси е редовна сликата на малолетници, најчесто средношколци, со цигари во рацете.

Се чини дека и алкохолот не им е недостапен на децата. Можат да се забележат групи по паркови и по други места како уживаат во понекое пиво или вино, но и други видови пијалоци.

Се поставува прашањето како малолетниците успеваат да купат цигари или алкохол, кога нивната продажба законски им е забранета на трговците и на угостителите.  

Надлежна институција, согласно законите, да врши контрола на продажба на цигари и алкохол на малолетни лица, е Државниот пазарен инспекторат. Но, оттаму за Фактор велат дека нив во овој случај едноставно им се врзани рацете, односно нема механизам како да контролираат и изрекуваат казни на трговците кои тоа го прават.

Согласно законот за угостителска дејност, забрана за точење алкохол на малолетни лица е предвидена во член 37 став 1. Глобите што законски се изрекуваат за ова зависат од големината на субјектот. Па така, за микро субјект, казните се од 100 до 1.000 евра, додека, пак, малите субјекти би можеле да заработат глоби од 100 до 2.000 евра. За средните субјекти ако се уловат се изрекуваат казни од 250 до 3.000 евра, а за големите од 500 до 4.000 евра. Исто така, одговорното лице ќе биде казнето со 100 до 500 евра. Согласно овој закон се изрекува и привремена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.

Минатата година инспекторатот заедно со Полицијата работеле на заеднички контроли на точење алкохол на малолетници во локалите, и за дел од откриените случаи веќе се преземени мерки, а за дел се чека да пристигнат наодите од нивната лабораторија за тоа каква конкретна течност, односно алкохол им се точел на малолетниците.

„Кога станува збор за тоа дали се точи алкохол на малолетни лица во локалите, ние вршиме заеднички контроли. Но, факт е дека ние без присуство на МВР не смееме никого воопшто да легитимираме, а најмалку малолетник. Дури и кога сме со Полицијата, и тоа од специјалниот оддел на МВР за малолетни лица, и тие не можат ништо да преземат, се додека не пристигне родителот на малолетникот“, објаснуваат од Пазарниот инспекторат.

Со Законот за трговија, пак, е регулирано дека е забранета продажба на цигари, алкохол и енергетски пијалоци на малолетници, односно на лица со возраст под 18 години. Глобата во овој случај е драконска, дури 8.000 евра за правното лице, како и 2.400 евра за одговорното лице. Тоа е од причина што во Собранието до распуштањето не стигнаа да поминат измените на Законот за трговија, со кои тој требаше тој да се усогласи со новиот Закон за прекршоци, и со што би се намалиле  глобите што тој ги предвидува.

ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ - ВРЗАНИ НИ СЕ РАЦЕТЕ

Но, кога се работи за продажба на цигари и алкохол во дуќаните, и покрај високите законски предвидени глоби, такви досега не се изречени.

Од Инспекторатот за Фактор велат дека нема начин како да се докаже дали трговците продаваат цигари или алкохол на малолетни лица. Иако во законите е напишано дека тие треба да ги вршат проверките, не постои механизам како ова да се контролира.  

„Нема начин како ние да докажеме дека конкретен дуќанџија продавал на малолетници. За тоа би требало да седиме во заседа постојано и буквално во моментот да го начекаме како го прави тоа, за да можеме потоа да покренеме прекршочна постапка. Единствено, кога вршиме некој друг надзор во трговските објекти, да го уловиме продавачот токму во моментот да продава цигари или алкохол на малолетни лица. Но, и во тој случај ни се врзани рацете, бидејќи ние како инспекторат не можеме да го запреме и да го легитимираме малолетникот, односно да му бараме лична карта, без присуство на МВР, бидејќи тие се специфична категорија. Во тој случај би морале да викнеме и асистенција од Полицијта, и тоа од специјалниот оддел за малолетници“, објаснуваат од Пазарниот инспекторат.

Со МВР лани немало заеднички контроли на трговските објекти.

Од Пазарната инспекција велат дека тие едноставно се беспомошни, и според нив, законите се во колизија, а тие немаат алатка како да дејствуваат во случајот со продажба на цигари и алкохол на малолетници. 

„Во законот е напишано дека ние треба да контролираме, но тоа е неприменливо. Затоа и досега не се изречени казни“, велат од Инспекторатот. 

Според нив, за овие контроли треба законски да се предвиди заеднички да делуваат тие со МВР, што би дало многу подобри резултати.

Препорачуваат и родителите да се ангажираат малку повеќе и да работат со своите деца, во укажување на штетните последици од цигарите и алкохолот.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени