16 Мај, 2024
0.0363

Среќна нова 2016 година! Годинава ќе биде престапна, февруари ќе има 29 дена!

Објавено во: Стил 01 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Среќна нова 2016 година, драги читатели!

Екипата на порталот „Фактор.мк“  ви посакува здравје, добрини и многу успеси во новата година! За многу години!

2016 година е престапна - со 366 дена. Оваа година во календарот ќе го има 29 февруари.

Престапна година се појавува еднаш на 4 години и е начин календарската година да се синхронизира со годишните времиња. Тие се повторуваат при секој циклус на вртење на Земјата околу Сонцето, тоа е т.н. тропска година.

Едно вртење трае околу 365 дена и 6 часа, па затоа, ако календарот содржи фиксно 365 дена, постепено сезоните би се префрлие. Затоа се додава еден дополнителен ден, кој во Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар му припаѓа на февруари.

Постојат многу суеверија поврзани со Престапната година. Според нив во таква година не треба да се жените, да започнувате изградба на нова куќа, да продавате имот. Секој има право да верува или да се исмејува на слични верувања.

Во кинескиот календар 2016 година е година на мајмунот, поточно - на огнениот мајмун. Нејзиниот почеток ќе биде на 4 февруари 2016 година