01 Мај, 2024
0.0266

СРПСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Се отвора One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево

Објавено во: Економија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Српска делегација доаѓа во земјава. Повод е за посетата е One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево со кој всушност се олеснува поминувањето на патниците, но и на транспортерите.

Македонија и Србија ќе работат по концепт на заеднички гранични контроли и гранични контроли со едно застанување (One-stop shop) значи поедноставени постапки, што се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, при минимален број застанувања, по можност единствено застанување, преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само еднаш на едно место. 

Концептот на Со примена на концептот на заедничка контрола се постигнува поголема усогласеност и се олеснува преминувањето на патниците, стоките и превозните средства во патничкиот сообраќај, како и предметите што патниците ги носат со себе.

Во официјална посета доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ а таа ќе има средба со премиерот Заев, но и со шефот на државата Стево Пендаровски.

Имено, за патниците и транспортерите кои од Србија ќе се движат кон Северна Македонија граничната служба на Србија ќе спроведе излезна контрола на територијата на Северна Македонија на граничниот премин Табановце, додека контролата за оние кои патуваат од Северна Македонија кон Србија излезната контрола македонските гранични служби ќе ја спроведат на територијата на Србија, на граничниот премин Прешево.

Заедничкото царинење ќе овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли и унапредена примена на концептот на интегрирано гранично управување, ќе се намали можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцијалните документи што ја следат стоката, ќе се воведе контрола и вршење на граничните формалности од страна на сите надлежни органи за нивно спроведување, на две соседни држави, при единствено запирање, ќе се забрза протокот на патници, стока и превозни средства на граничните премини каде што ваквиот концепт е воведен и ќе се изврши заштеда на ресурси потребни за реализација на концептот.


Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?