СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2025
САД ќе воведат санкции, не општи, не само финансиски, туку сеопфатни санкции против нашата компанија НИС, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„САД ќе воведат директни севкупни санкции за нафтената индустрија на Србија, ќе имаме проблеми со Рафинеријата и петрохемија и со другите наши гиганти“, рече Вучиќ на седницата на Владата.
Како што објасни, тоа нема да бидат „некои општи“ туку севкупни санкции против нашата компанија НИС.
Тешка ситуација за Србија
„Нема да има санкции против компаниите кои имаат руска сопственост, туку директни санкции против нафтената индустрија на Србија. Тоа не става во многу тешка ситуација“, рече претседателот.
Вучиќ додаде дека добил и прецизен рок:
„Она што го прашав и добив прецизен одговор е кој е нашиот рок, колку време имаме. Денеска ќе имам разговори со Хил, кој има контакти со органите кои носат одлуки за санкции. Ќе ни даде 30 дена да погледнеме на ситуацијата, тогаш за 60 дена ќе излезат со таа одлука до 15 јануари, треба да знаеме што правиме до 15 февруари“, рече Вучиќ.
Тој побара од премиерот да формира два тима и посочи дека не смее да има непријателско преземање.
„Апсолутна последна опција мора да биде непријателско преземање на НИС, кога веќе знаеме дека не можеме да опстанеме“, рече Вучиќ и најави дека Владата формира два тима за оваа ситуација.
„Владата треба да формира два тима, но под координација на премиерот ќе помогнам во разговорот со (Владимир) Путин, едниот е за преговорите за гасниот аранжман што треба да го постигнеме, другиот е за НИС.
Тој додаде дека разговорот со Путин ќе биде за Свети Сава, „кога ќе видам што донеле моите разговори со новата американска администрација“.
Претседателот Вучиќ малку подоцна ќе се сретне со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, а пред два дена разговараше и со потсекретарот за економски раст, енергетика и животна средина на САД, Хозе Фернандез за американските санкции за српската нафтена индустрија.
По тој разговор, Вучиќ изјави дека во наредните денови ќе може да ги открие целосните детали.
Фото: ЕПА