26 Април, 2024
0.0327

Српскиот лекар тврди: Короната ја имавме уште во јануари

Објавено во: Балкан 26 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Професорот д-р Бранимир Несторовиќ, член на кризниот штаб за борба против Ковид-19 во Србија, изнесе шокантни информации дека тој имал корона, пишува Блиц. 

Како гостин во една емисија, тој исто така призна дека не бил во самоизолација, затоа што морало многу да се работи.

„Речиси сум сигурен дека имав корона уште на самиот почеток, затоа што имав треска и дијареја веќе два дена, и изгледаше дека тоа е тоа. Не бев во самоизолација затоа што немаше време за тоа и мораше многу да се работи. Тоа мене брзо ми помина, но јас не инфицирав никого затоа што бев општествено одговорен“, рече д-р Несторовиќ во емисијата.

Меѓутоа, кога новинарите го прашаа дали е можно тој да бил толку неодговорен што не сторил ништо што им било препорачано на сите други во тие денови (самоизолација, тестирање ...), Несторовиќ тврди дека не се однесувал неодговорно кон себе или кон луѓето од неговата околина.

„Во еден момент, навистина мислев дека е можно да сум го собрал вирусот, но ги немав тие проблеми. Можев да јадам свинско месо, не го изгубив чувството за мирис, што е првиот симптом на корона. Тогаш имавме бројни состаноци во Владата, каде што се сретнав со разни луѓе. Седум или осум од нив се разболеа, дури и кафекуварката. Во тоа време ме фати некоја језа, па веднаш отидов дома. За да ги заштитам домашните, го напуштив станот и се преселив во Обреновац. Лежев три дена, имав треска два дена и го направив тој брз тест, што беше негативен. Следниот ден бев на нозе - рече Несторовиќ“, кој овие тегоби ги имал на крајот на февруари.

Тој исто така тврди дека короната циркулирала во Србија долго пред првиот откриен пациент заразен со КОВИД-19.

„Ако сега се потврди дека короната била присутна во Италија на 27 декември, тогаш веднаш по католичкиот Божиќ, кога голем број наши луѓе доаѓаат во Србија на празниците, немаше шанси вирусот да не циркулирал во нашата земја од јануари. Се сеќавам дека пред да се одржи првиот Кризен штаб прегледував едно момче, и сега сум сигурен дека тоа имало коронавирус, затоа што ги имаше сите симптоми. Тој кашлаше во мене, но за среќа, имам силен имунитет“, вели Несторовиќ и открива дека себеси се проверувал секое утро со мирисање лаванда, со оглед дека губењето на мирисот е првиот симптом на вирусот.


Можеби ќе ве интересира

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари