09 Октомври, 2024
0.0243

СРПСКИОТ НОВИНАР ПЕЦА ПОПОВИЌ ОТКРИ ИНТЕРЕСНА ПРИКАЗНА: Мајката на Влатко Стефановски била бремена со него додека играла претстава

Објавено во: Стил 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Додека играла во претставата „Госпоѓа министерка“, мајката на легендарниот гитарист Влатко Стефановски била бремена со него. „Влатко беше на сцената уште пред да се роди, во стомакот на својата мајка“, откри познатиот белградски новинар и музички критичар Петар Пеца- Поповиќ сношти во Скопје, на премиерата на српскиот рокенрол документарен филм „Заробено време“.

„Мајката на Влатко, Нада, беше позната актерка. Му реков на Влатко да ме запознае со неа, и таа ме покани на чај, точно во пет. Дојдов во нивниот дом неколку минути пред пет. Влатко ме пречека на врата и ми рече: Ќе мораш да почекаш, мајка ми ќе те прими точно во пет, дојден си порано. Кога дојде време, таа ме пречека во вечерен фустан, а на масата имаше поставено чај, бисквити и три шолји. Од тогаш е мојата поврзаност со семејството Стефановски. Овој негов нов албум, „Мајчин јазик“ е сосема нормална и природна работа“, рече Поповиќ на премиерата на филмот, сношти во киното „Фросина“ во МКЦ. „Не заборавајте дека таткото на Влатко основал 17 театри во Македонија, а брат му Горан ги напишал едни од најпознатите драмски дела“, додаде тој.

Прочитајте ја целата приказна на Женски магазин, овде.