20 Декември, 2025
0.1451

Српските туристи потрошиле милијарда долари

Објавено во: Балкан 26 Август, 2013 14:57

Добивај вести на Viber

И покрај економската криза во Србија, тамошните граѓани, оваа година, потрошиле една милијарда долари на летување, пишува „Б92“. Според податоците на статитистичките агенции, месечно од земјата, на викенд патувања и одмори, српските граѓани изнесуваат повеќе од 80 милиони долари. Cекоја година српските туристи трошат се’ повеќе пари на патувања. А, ова лето најмногу пари, околу 250 милиони долари ќе остават во Грција. Пред пет години, кога платите биле редовни, на патувања во странство Србите потрошиле 487 милиони долари. И овогодишните податоци на Народната банка на Србија, за првите шест месеци, покажуваат тренд на пораст на потрошувачката за патувања во странство. До јули се потрошени 477 милиони долари, а 453 милиони долари се потрошени лани во истиот период . Српските туристи во Турција потрошиле 80 милиони долари, што е за 10 милиони повеќе одошто во Црна Гора, каде летуваат четири пати повеќе одошто во Анталија. Овој податок не треба да зачудува, бидејќи еден просечен аранжман за Турција чини 1.000 евра, додека во Црна Гора почесто може да се најде приватно сместување. Хрватска може да се пофали дека Србите годинава им оставиле 28 милиони долари, двојно помалку одошто во Египет и три пати помалку одошто во Италија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација