27 Април, 2024
0.2124

Српско или хрватското стопанство?

Објавено во: Балкан 21 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Додека економските аналитичари во Хрватска оценуваат дека српското стопанство, во целост, во овој момент има поповолни услови и поттик за привлекување на странски инвестиции од Хрватска, српските аналитичари не го делат во целост тој розев поглед.

Србија, за разлика од Хрватска која порано речиси ги исцрпи приликите во најатрактивните делови на своето стопанство, се уште не ги искористила сите такви можности, тврди висок советник во Креаб & Gavin Anederson во Брисел, др. Владимир Круљ за Танјуг.

- Кога ќе се спореди инвестицискиот потенцијал на Хрватска и на Србија, факт е дека Хрватска уште порано речиси ги исцрпи потенцијалите за инвестиции во најатрактивните сектори, како што се финансискиот сектор и инфраструктурата, не сметајќи го туризмот – вели Круљ.

Владата на Србија, според неговиот став, до сега многу успешно ги привлекуваше странските инвестиции, но за да биде уште поуспешна во тоа мора да ги намали бирократските пречки и да ја зголеми правната сигурност.

- Од друга страна, Хрватска со влезот во ЕУ почна да применува построго законодавство кое се однесува на условите за работа, што делува дестимулативно за потенцијалните инвеститори, а тоа се гледа и во фактот дека некои компании своето производство го преселија во соседните земји како БиХ – вели економистот Гавин Андерсон.

Круљ верува дека Србија поради сите наведени причини има многу простор за инвестиции во клучните економски гранки, како земјоделството, енергетиката, инфраструктурата и индустријата и полиберални прописи во работењето од земјите членки на ЕУ, што и дава предност во однос на Хрватска.

Очекуваните реформски потези во Србија, како измената на Законот за труд, поедноставената бирократска процедура и други, амбиентот за инвестиции во нашата земја можат да го направат уште поатрактивен, потенцира Круљ.

И економистот на Сосиете женерал банката во Сплит Здеслав Шантиќ во изјавата за Танјуг укажува на некои според него несомнени предности на Србија во однос на Хрватска, кога се работи за привлекување на странски инвеститори.

Шантиќ како важна предност за Србија истакнува што има најголем пазар во регионот, но и уште една поволност која се гледа во пониските трошоци на работната сила.

Србија е најголема земја во нашиот регион, а со самото тоа нејзиниот пазар за странски инвеститори е најпривлечен. Освен тоа, мора да се има предвид дека трошоците, кога се работи за просечна бруто плата, во Србија се пониски за три пати од трошоците во Хрватска – вели Шантиќ, наведувајќи ги причините поради кои Србија сега е поповолно место за инвеститорите.

Како најголема разлика која оди во корист на Србија, кога станува збор за создавање на амбиент за инвестирање, Шантиќ наведе дека властите во Белград, од пред пет години, кога почна тековната глобална економска криза, вовеле низа поттикнувачки мерки за нови инвестиции, додека такви потези во Хрватска немаше доволно.

Загрепскиот економиски аналитичар Дамир Новотни исто така не исклучува дека Србија моментално можеби е во нешто поповолна позиција, кога се работи за вкупниот стопански амбиент, од Хрватска па и од Словенија која е во ЕУ уште од 2004 година.

Меѓутоа, Новотни вели дека таквиот поволен амбиент во Србија може да потрае, но само додека не се изедначи нејзиното ниво на стопанска активност со тоа кое веќе се бележи во Хрватска и Словенија, бидејќи за понатамошен, сериозен економски развој треба да се остварат сите претходни прокламирани, но не и спроведени реформи.

Сите три земји на поранешна Југославија се уште не се одлепиле целосно од предтранзицискиот модел на стопанисување, се уште немаат доволно силен среден слој на претприемаштво и тоа е основната причина што во некои важни сегменти не се ни интересни за поголеми странски инвестиции, објаснува Новотни за Танјуг.

Професорот на Економскиот факултет во Белград, Љубодрат Савиќ вели за Танјуг дека реалните податоци за приливот на странски инвестиции во Србија и Хрватска не ги оправдуваат тезите за подобар инвестициски амбиент во Србија, туку во двете поранешни републики на поранешна СФРЈ.

Имено, Савиќ истакнува дека во текот на првото полугодие од оваа година приливот на директните странски инвестиции во Хрватска бил неколку пати поголем во однос на истите инвестиции во Србија и тоа е реалност која мора да се уважи.

Србија допрва треба да премине многу трнлив пат во приклучувањето во ЕУ, кој Хрватска веќе го помина – вели Савиќ за Танјуг, со напомена дека комплетниот стопански амбиент во новата членка на ЕУ сега, во суштина е подобар од нашата земја.

- Инвестицискиот амбиент во Србија треба да се надоградува многу посериозно од што многумина мислат – истакна Савиќ и потенцира дека во мерката во која и понатаму би се подобрувале условите за надворешни инвеститори, тие инвестиции би биле во пораст.

Земјите кандидати за влез во ЕУ, а Србија сега е со таков статус, секогаш како што многу претходни примери покажаа, се атрактивни за странските инвеститори, посебно тие кои не се од Европа, објаснува Савиќ, со напомена дека поради тоа и Србија во текот на следните години, веројатно ќе може да смета на поголем прилив на такви инвестиции.

извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната