18 Мај, 2024
0.0408

ССМ: ГАЗДИТЕ ДА ЗНААТ - за работниците што ќе работат денеска и утре дневницата е 250 отсто

Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемиот синдикат во земјава ги потсетува газдите дека на работниците што ќе работат на овие празници, денеска и утре, ќе треба да им се исплатат дневници од по 250 отсто.

„Согласно Законот за празниците, денешниот ден, среда, 6-ти јануари 2021 година, Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а четврток, 7 јануари, Божиќ, е неработен ден за сите граѓани.

Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор ,,За  работа  во  денови  на  празници  и  неработни  денови  утврдени  со  закон,  работникот  има право  на  надомест на платата  што му припаѓа кога во тие денови не работи  и  плата за поминатите  часови  на  работа  зголемена за  50 отсто", односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 отсто за работник кој работи на Државен празник!“, се вели во соопштението од ССМ.

Оттаму велат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат алчните газди, а сите злоупотреби да се пријават во ССМ, за Синдикатот да може да ги спречи.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање