26 Април, 2024
0.0358

ССМ: ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, стотина фамилии без егзистенција

Објавено во: Економија 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

По пријава на Синдикаот СУТКОЗ при ССМ, денес државниот инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација – Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.

-  Синдикатот СУТКОЗ при ССМ испрати и барање до Управниот одбор за истиот да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а Претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство.  Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги понишат незаконските задолженија – се наведува во соопштението на ССМ.

Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласност и ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определно време, а новиот в.д директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција. 

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина