13 Мај, 2024
0.0260

ССМ смета дека неработењето во недела ќе биде измама: Правото на работниците повторно ќе биде ограничено со Колективни договори

Објавено во: Економија 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикати на Македонија смета дека законските измени кои ги разработува Министерството за труд и социјална политика нема да им овозможи на работниците строго да не работат во недела, затоа што работодавачите ќе имаат можност преку посебни закони и колективни договори да им го ограничат ова право.
„Иако Владата ја поздрави иницијативата и ја прифати истата за утврдување на недела за неработен ден за работниците, предложениот Предлог Закон за измени и дополнување на Законот за работните односи доставен од страна на Министерството за труд и социјална политика, не оди во правец на уредување на ова право недела да биде неработен ден за работниците во Државата.

Напротив со Предлог Законот за измени и дополнување на Законот за работните односи се уредени варијанти и можности со посебните Закони и Колективните договори дополнително да се ограничи ова право за работниците“, стои во реакцијата на ССМ откако го разгледале понуденото законско решение.

Од таму велат дека законот за работните односи е основен, базичен Закон за правата од работен однос и во истиот треба да се регулира ова право за работниците, а не да се остава можност ова право дополнително да се уредува во секоја дејност и секој работодавач посебно.

„Сметаме дека евентиуалните исклучоци од Законски регулираното право недела да биде неработен ден за сите работниците, треба да се уредат во ЗРО врз основа на анализа за нужните дејности во кој работниот процес мора да се одвива континуирано без прекин во недела, утврдени од страна на трипартитно работно тело формирано од Социјалните партнери членови на ЕСС“, смета синдикатот,

Предлог на ССМ е работниците кои по исклучок се ангажирани да работат во недела задолжително да имаат право на зголемување на основната плата на работникот, по час најмалку за дополнителни 50 отсто за работа во недела, како и право на слободен ден во текот на неделата.

„Предлогот на МТСП според нас е исклучиво во насока на утврдување на постапка која треба да ја спроведуваат работодавачите за работниците да работат во недела, а не да се утврди право дека недела е неработен ден“, гласи во соопштението на синдикатот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра