26 Април, 2024
0.0290

ССМ со четири предлози до Владата за надминување на ковид-кризата

Објавено во: Економија 19 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија пред донесувањето на четвртиот сет на економска помош од страна на државата до работниците и компаниите, предложи четири мерки за надминување на економските последици предизвикани од ковид-кризата. Во продолжение ви го пренесуваме дел од соопштението за предлогот на ССМ: 

„За ССМ, приоритет остануваат работничките права, а не полтроните и предавниците на синдикатот и работниците па затоа Сојузот на синдикатите на Македонија бара да се преземат сите напори со четвртиот пакет мерки да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја преживеат кризата, така што ќе можат нормално да се вратат на своите активности кога истата ќе заврши.
Сите мерки, треба да бидат насочени кон зачувување на работните места, а во меѓувреме да се заштитат од невработеност и загуба на приходи и да се ублажат финансиските загуби.
Луѓето кои се болни, кои се грижат за семејството или не се во состојба да работат заради корона вирусот, не треба да страдаат финансиски, па поради тоа, од страна на Владата, потребно е да се обезбеди финансиска помош за сите вработени.
Во оваа насока:

1. Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги вршат деловните потфати заради вирусот или ќе ги вршат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за  обезбедување на  средства за плата на работниците;
ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено повеќе од 30%, но да се исплаќа директно на сметките на работниците.

2.Одложување (Мораториум) за сите долгови на семејните домаќинства од 6 месеци кон извршители, банки, државни органи, правосудни органи, чии вкупни примања во семејното домаќинство се помали од Синдикалната потрошувачка кошница.

3. Работниците кои досега користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување.
Да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.

4. ССМ предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на Ковид- 19 да изнесува 100% од основицата утврдена со закон.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со Ковид- 19, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на Ковид- 19.“

5. Насочување кон спроведување на јавни набавки од страна на  Државните органи, исклучиво од домашните компании.

ССМ, поаѓајќи од тоа што националните и светските компетентни институции укажуваат дека оваа нова нормалност предизвикана од Ковид – 19 ќе трае подолг период и во иднина, очекува покрај мерките за субвенционирање и помош, Владата да преземе поголем ангажман за обезбедување на нови инвестиции од домашно и странско потекло и да обезбеди економски мерки за поефикасно прилагодување на компаниите за продолжување на економските потфати со цел да се обезбедат реални и одржливи работни места и обезбедување на егзистенција за сите граѓани.

Исто така, бараме Владата да води грижа, финансиската поддршка и инвестициите да се обезбедуваат за компании кои ги почитуваа Законите и Колективните договори, кои немаат злоупотребено средства од финансиската поддршка од Државата и кои имаат неосновано отпуштено работници, како и да се задолжат компаниите кои ќе добијат од финансиската поддршка и инвестициите задолжително да ги вратат работниците на кои им го прекинале работниот однос, а истовремено да се изнајдат средства да се субвенционира секое ново отворено работно место. 

Предлагаме еден од условите за обезбедување на финансиска поддршка и инвестиции од страна на Државата да биде синдикалното организирање во компанијата, за да можеме и ние како претставници на работниците да гарантираме и да го контролираме користењето на средствата, покрај другото за плата и социјална сигурност на работниците“, гласи соопштението на ССМ.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра