04 Мај, 2024
0.0276

НЕЗАДОВОЛСТВОТО ГОЛЕМО: На граѓаните им е преку глава од управителите на згради

Објавено во: Економија 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Граѓаните пишуваат поплаки, управителите на зградите бараат законски измени ама и нови, повисоки цени за одржување на колективните згради за домување. Осум години откако се воведе ваков тип на управување со влезовите, се уште има своевиден хаос во правилата, но и многу незадоволни граѓани. Тврдат дека или плаќаат многу, а за возврат не добиваат ништо или се блокирани без причина. Во зградите каде нема избрани лиценцирани фирми за управуавње туку заедница на станари го одржува влезот, пак, нема контроли и често се случува станарите да се соменваат во легалноста на потрошените пари. Од Регулатрната комисија за домување велат дека има незадоволство и недостатоци во дејноста, но дека се работи на средување на ситуацијата. Дали ќе се зголемат цените за одржување на зградите ќе биде јасно веќе во следниот период.

Кој да одржува лифтови, кој да поправа кровови

Граѓани со кои разговараше „Фактор“ имаат забелешки во функционирањето на фирмите кои им одржуваат хигиена во зградата, но и се грижат за останатите потреби на станарите.

„За февруари и март сум платила преку банка, а поради техничка грешка повлечени се помалку пари. Не сум знаела и не проверив. Сега ми доаѓа решение пред извршување со плус трошоци од 2.000 денари, за нотар, адвокат. Ги платив и овие се разбира, ама тврдам дека не е во ред, оти ниту бев известена во сандаче, ниту се јавија, ништо. И претходно имаше нешто слично, сите бевме во претплата, па после не блокираа за сметката која всушност не требаше да се плаќа. Друга приказна е што за една сијалица се јавуваш сто пати. Генерално не сме задоволни од фирмата, вели скопјанката Р.Мисковска.

М. Н. пак вели дека газдарицата на фирмата која го одржува нивниот влез, дури често го менувала седиштето на фирмата, а малку од тоа што било ветено исполнила.

„Фирмата за домување е Либра консалтинг. Газдарицата неколку години не лаже дека ќе премачкува и дека ќе го смени покривот, но ништо од тоа. Плаќавме по 700 денари од стан, а имаме 34 стана. Парите ги собра и сега нема пари. Не се јавува, а канцеларииите ги менува. Последна информација е дека чекала понуда од мајстор. И за лифтовите ги молиме сами сервисерите да дојдат, вели оваа скопјанка.

Претседателот на Групацијата на лиценцирани управители при Стопанската комора Васе Самараков за Фактор вели дека се свесни оти има многу недостатоци, а знаат и за поплаките од граѓаните. Самараков вели дека моментно има нелојална конкуренција на пазарот, па многу фирми кои отвориле и добиле лиценци го рушат пазарот и со цени но и со квалитетот на услугите. Од Комората велат дека сепак и покрај тоа, на овие фирми не им се одземаат лиценците. Сега групацијата заедно со Министерството за транспорт и врски работи на измените на законот за домување, со кои треба да се среди ситуацијата. Сепак се тврди дека мора да се зголемат и цените на услугите.

„Дефинитивно да. Треба да поскапат услугите, оти се зголеми и висината на минималната плата. Практично зголемувањето доаѓа од самиот начин на пресметка. Минималната плата сега е 12.150 денари, а беше 10.071 денар. Дополнителниот трошок со давачките е 3500 денари. Никој не не праша дали сакаме и што очекуваме. Значи би требало да има разумно зголемување, како се золемуваат трошоците, така треба да се зголемува цената. А нема ни кадар. Не можеме да нјадеме квалитетна хигиеничарка, не можеме да најдеме мајстори, вели Самараков.

Дел од проблемите ги лоцира и во тоа што нема доволно инспектори кои на терен треба да ја решат нелојалната конкуренција. Вели дека граѓаните очекуваат многу, а кога ќе дојде ред да се трошат и да се даваат пари никој не сака да учествува.

Инспекторите не ја вршат работата

Претседателот на Регулаторната комисија за домување Ракип Малоски за Фактор потврдува дека на терен се создаваат вакви проблеми и смета дека свесноста кај граѓаните за колективно домување е ниска.

„Дел од компаниите се жалат на нелојална конкуренција, но ова е пазарна економија па сите треба да функционираат во тие рамки. Проблеми има и ќе има мислам, оти некој плаќа, некој не сака да плаќа. Лифтовите се расипуваат, секој месец треба да се вика редовен сервисер, а сето тоа чини пари. Ние постапуваме по поплаки и одземаме лиценци, а во овие осум години одземени се 11 лиценци,  вели Малоски.

Во првото полугодие годинава до Регулаторната комисија за домување стасале вкупно 128 барања за посредување во спорови меѓу управители, претседатели на заедници на сопственици и сопственици на посебни делови. Голем дел од преставките требало да се решаваат со инспектори, кои функционираат во рамки на општините. Сепак Малоски смета дека инспекцискиот надзор мора да е почест, а граѓаните да знаат дека треба да им се обрататза да си го решат проблемот. Вопоследниот период, наместо да се зголемува, бројот на инспектори за домување се намалил.

Моментно 3.394 згради се управувани од лиценцираните управители или над 50 отсто од зградите во земјава. Постои тенденција на бришење на Заедници на сопственици на посебни делови, а зголемување на бројот на ангажирање на управители.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?