27 Април, 2024
0.0263

СТАРИ ЛУЃЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ДЕН СТАЖ: Каде затаила државата?

Објавено во: Економија 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во Македонија постојат граѓани во зрели години, кои немаат ден работен стаж, затоа  работеле на црно.

За нив државата затаила, и ги оставила на милост и немилост на работодавците кои го изигруваат законот.

Но, деновиве се говори за предлог закон кој треба наскоро да биде усвоен и со кој и лицата со навршени 65 години, без ден работен стаж, ќе имаат право на социјална пензија од 6.000 денари, а дополнително плус 1.000 денари за греење во зимските месеци, со исполнување на уште неколку критериуми.

Во јавноста има различни мислења за оваа тема, посебно околу критериумите.

Кристина Ампева од Гласен Текстилец вели дека се залага за социјална правда, и дека  секогаш е за социјална мерка.

„Не верувам дека ќе е демотивација за работниците, посебно поради тоа што некои луѓе немаат стаж поради сивата економија која е развиена во приватниот сектор. Секојдневно слушам од повозрасни работнички дека цел свој живот работат во конфекција, а немаат и по десетина години платен стаж. Или пак земјоделците. Или луѓе кои заради некој вид на дискриминација, се лишени од правото на вработување или работеле на црно без здравствено и пензиско  осигурување. Овде се и хонорарците кои поради нискиот приход не успеваат да издвојат пари за да сами уплатуваат придонеси. Но, сите на некој начин, придонесуваат со било какви даноци кои ги плаќаат на државата.  Значи моментот што некои го продаваат како мрзливи, неработливи и слично, не е точен и не се сложувам. Го немаме разговарано ова прашање со останатите членови од Гласен Текстилец, па затоа ова е само мое мислење. И еве и овде ќе се повторам, се декларираме како социјална држава, треба да донесуваме вакви закони. И на крај, затоа сите ние плаќаме даноци, едно од тоа е и за да сите имаат право во подоцнежните години да имаат некаков достоинствен приход. Не дека 6.000 денари се достоинствена сума, но е подобро од моменталното ништо“, вели Ампева.

Рубинчо Аризанкоски, секретар на здружението Достоинствен Работник – Прилеп вели дека голем дел од граѓаните, посебно лицата над 65 годишна возраст ја поздравија одлуката на Владата за воведување на државна социјална пензија.

„Но, се отвора прашањето дали ова е еден вид контрадикторна политика во услови кога дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување секоја година станува сè подлабока и подлабока. Но, да потенцирам дека Меѓународниот монетарен фонд неколку пати до сега алармираше за зголемување на старосната граница за пензионирање бидејќи пензинскиот фонд во земјата е пред колапс. Со воведувањето на државната социјална пензија бенефит ќе имаат повеќе од 100.000 повозрасни лица кои ќе го остварат правото на пензија. Со ова законско решение се обезбедува достоинствен живот во третата доба“, вели тој.

Додава дека треба, да го проследиме стартот на исплата на социјалната пензија, па да ја видеме нејзината реализација и очекувањата на граѓаните.

НО, ИМА И ГРАЃАНИ КОИ САМИ УПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ

Дел од граѓаните бидејќи немаат доволно стаж, одлучуваат за да ја осигураат својата иднина, да се договорат со одредена фирма, да ги пријават како нивни вработени,  и самите да уплаќаат придонеси.

Така една жена од Куманово, откако работела 6 години во приватен сектор, а се испоставило на крај дека е изманипулирана и има само 3 години платен стаж, решила да уплаќа придонеси на ваков начин. Вели дека на сите страни македонскиот работник е покраден, оштетен, измамен.

„Јас ќе се чувствувам оштетена доколку некој без ден работен стаж добива пензија, тогаш зошто јас би се мачела на пазарот со голема конкуренција,  за да плаќам секој месец за плата и придонеси нешто над 18.000 денари. Многу е тешко, и вака плаќам неколку години. Сите тие години со неплатен стаж многу ќе ни фалат на стари години, ама нема закон и кој што сака си прави во државава, вели таа.

Таа додава дека на оваа тема треба многу да се зборувам, но се сомнева дека некој ќе покаже свест. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра