Стартува доградбата на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2013
Камен темелник денеска е поставен во скопската општина Шуто Оризари за доградба на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“. На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Панче Кралев.
Планирано е да бидат изградени 18 нови училници и три кабинети со што ќе се добие простор од 2.343 метри квадратни. Со доградбата ќе се обезбедат подобри услови за следење на наставата за 2.123 ученици кои учат во 80 паралелки, односно ќе се создадат услови наставата да се одвива во две, наместо во три смени.
Градежните работи треба да завршат за 15 месеци, а проектот чини над 66 милиони денари, средства од Министерството за образование и наука.