27 Април, 2024
0.0287

Стартувани преговорите за поевтин роаминг со Бугарија

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Корисниците на мобилна телефонија наскоро треба да добијат пониски цени во роаминг меѓу Македонија и Бугарија откако по потпишаниот меморандум започнаа и преговорите меѓу регулаторните тела на двете држави.

При посетата на претседателот на регулаторното тело надлежно за електронски комуникации во Бугарија, Росен Жељазков на македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК) Сашо Димитријоски  во петокот се зборувало за активностите на двете регулаторни тела во изминатиот период и за продолжување на соработката согласно потпишаниот Меморандум за разбирање со цел да се продлабочи размената на искуство во областа на регулацијата на пазарот за електронски комуникации.

Од АЕК соопштуваат дека до Комисијата за регулирање на соопштенијата (КРС) упатиле покана Бугарија да се приклучи кон Спогодбата за регионален роаминг кој уште во 2014 година ја потпишаа надлежните министерства за електронски комуникации на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Согласно член 4 на оваа Спогодба се предвидува дека во соодветна постапка кон неа може да пристапат сите држави вклучително и членките на Европската унија.

– Се разгледаа и дополнителни можности за владина и/или регулаторна интервенција за намалување на цените на роаминг услугите на претплатниците во овие две држави, се наведува во соопштението од АЕК.

По Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, на 23 ноември лани македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и информатички технологии, Ивајло Московски потпишаа меморандум за разбирање со кој, како што беше најавено, ќе ги поттикнат операторите да склучат договори за пониски цени при разговор, пораки и интернет во роаминг. Сега за минута разговор во роаминг од Бугарија во Македонија се плаќа меѓу 90 и 210 денари и 750 денари за мегабајт интернет.

Новини за најавеното намалување на цените во роаминг меѓу двете држави се очекуваат на претстојниот дигитален самит, чиј домаќин ќе биде Македонија во април, и на Самитот за Западен Балкан, што треба да се одржи во мај во Бугарија.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра