СТАТИСТИКА: 66,7 проценти во април од потрошената струја од домашно производство
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2018
Бруто-домашното производство на електрична енергија во април годинава учествува со 66,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопштија денеска од Државниот завод за статистика.
91,6 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен пак се искористени за производство на електрична енергија.
Во Македонија во април годинава се потрошени 539.955 МWh електрична енергија, 6.391 милиони нормални метри кубниприроден гас, 291.161 тон јаглен и 84.814 тони нафтени продукти покажаа податоците на Заводот за статистика.