29 Април, 2024
0.0362

СТАТИСТИКА: Платите скокнале, но пораснал и бројот на работници кои не примиле плата

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Се зголемиле платите во земјава во декември во однос на ноември 2016 година. 

Ова се гледа од податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016 година, изнесува 23 457 денари, a просечната бруто-плата била 34 374 денари.

За споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, изнесуваше 22 380 денари. Истиот месец бруто платата беше  32 877 денари. 

Во декември 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Според статистички податоци, во ноември лани 1.4% од вработените во Република Македонија не земале плата.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември лани во споредба со истиот месец од 2015 година е зголемена за 3,2%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 103.3. Неколку сектори ги движат напред платите. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (55.8%), информации и комуникации (9.6%) и градежништво (7.7%).  

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација (48.2%), информации и комуникации (22.1%) и  стручни, научни и технички дејности (13.0%). Слична е состојбата и за бруто плата. 

Сепак, овој благ пораст не може да придонесе да се смени сликата за Македонија која има најниски плати во регионот. 

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи