18 Мај, 2024
0.0300

СТАВ НА ПЕНДАРОВСКИ: Вчера во Судскиот совет се случуваа сцени кои не му доликуваат на ова одговорно тело, и кои го намалуваат неговиот кредибилитет

Објавено во: Македонија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски денеска излезе со јасен став во врска со вчерашните случувања во Судскиот совет, кога претседателката Весна Дамева беше сменета преку своевиден пуч организиран од потпретседателот, заедно со неколкумина членови. 

„Во врска со прашањата упатени од медиумите до нашата институција за став на претседателот Стево Пендаровски во врска со вчерашните случувања на седницата на Судскиот совет, ве информираме за следново:

Ставот на претседателот Пендаровски е дека се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, информираме дека согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во денешното соопштение од Кабинетот на шефот на државбата, Пендаровски.

Се огласи и Министерството за правда. Го бара записникот од „спорната“ седница.

„Министерството за правда со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет. И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството.

Заради добивање на повеќе информации,Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред. 

Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација а Судскиот совет да биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза