05 Мај, 2024
0.0286

Стевчо Јакимовски: Зошто Мицкоски организираше протести, ако сега ги гласа уставните измени?

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, излезе со своја реакција по лидерската средба на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со премиерот Димитар Ковачевски. Јакимовски јавно го прашува Мицкоски зошто тогаш организирал протести против францускиот предлог, по неговите изјави дека се прифатливи уставни измени „со одложено дејство“ по евентуален влез на ВМРО-ДПМНЕ во широка владина предизборна коалиција без ДУИ.
„Причината за напуштање на коалицијата од страна на ГРОМ со Христијан Мицкоски е токму неговата неодговорност дволичност, лажење и превртливост. Неговите главни маани излегоа на виделина токму со бугарскиот договор и потребата за промена на Устав за влез на Бугарите во највисокиот законодавен акт.

Нели Мицкоски земаше нотарски изјави од пратениците дека нема да гласаат за влез на Бугарите во Уставот?

Веројатно овие изјави ќе ги употреби наместо тоалет хартија. Се колнеше ако пратениците гласаат за оваа измена тој ќе си даде оставка. Еве зошто минатата година не гласаше против бугарскиот договор туку само го напушти парламентот за да може сега да гласа.

Врв на неговото фолирантство беа минатогодишните фингирани протести. Дали сега се уверија граѓаните дека тоа беше фарса и дека само глумеше шетање по скопските улици малтретирајќи го своето членство и мамејќи ги граѓаните на Македонија за наводна грижа за Македонците оценувајќи го бугарскиот договор како неприфатлив?“, напиша Јакимовски на Фејсбук.
Според Јакимовски, Мицкоски се однесува лицемерно и кога станува збор за договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридор 8 и 10д.

„Уште поцинично е неговото гласање на договорот со Бехтел и Енка. Затоа ниту еднаш не рече дека договорот е проблематичен, туку плаќањето пенали. Згора на тоа тврди дека тие кога ќе дошле на власт ќе изграделе уште 100 километри автопат со истата компанија.

Тоа значи зад грб на народот гласа и го поддржува договорот а јавно продава демагогии со некакви си пенали. Токму од овие причини и ваквите залутани луѓе, граѓаните политиката ја споредуваат со најстариот занает“, вели некогашниот коалиционен партнер на Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува