26 Април, 2024
0.0325

Стојанче Ангелов по стапките на Срѓан Керим и Никола Груевски

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Стојанче Ангелов ќе се закити со орденот „Свети Никола“ кој ќе му биде врачен вечерва по литургијата во соборниот храм „Свети Никола" во Штип, објави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Досегашни добитници на орденот се: владиците Стефан и Иларион, докторите Сашко Кедев, Илија Џонов, Методија Чепреганов и Жан Митрев и политичарите Срѓан Керим и Никола Груевски.

-Годинава одличјето „Свети Никола" му го доделуваме на нашиот истакнат сограѓанин, патриот и херој којшто во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа, како се сака Република Македонија. Во 2001 година кога земјата ни крвареше, генерал Стојанче Ангелов не се штедеше туку со храброст и пожртвуваност замина на боиштата во одбрана на татковината. Генералот во сите изминати години жестоко се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата. Големината на овој човек е и во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување, рече Бочварски.

Признанијата „Свети Никола" годинава ќе бидат доделени на бизнисменот Митко Штерјов, кој е почесен конзул на Република Романија во Република Македонија со седиште во Штип, потоа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој е почесен конзул на Црна Гора во Македонија со седиште во Штип и како општествено одговорна компанија Пеком Инженеринг, дооел Штип.

-Тоа се граѓани и компанија кои даваат свој придонес за афирмација на Штип и на Република Македонија, вели Бочварски.

Орденот и признанието „Свети Никола" за градот Штип ќе бидат доделени вечерва со почеток во 18 часот. 




Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени