18 Мај, 2024
0.0310

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: Пожарот над Будинарци се разгоре од нигде никаде, сите села се безбедни

Објавено во: Македонија 09 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Сите села во чија близина беснеат пожари, се обезбедени со сите оние методи кои ги користи било која противпожарна служба во светот. 

Ова на денешниот прес го кажа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Нагласи дека се изорани местата и направена е тампон зона преку која пожарот не може да премине. На линијата се поставени цистерни доколку пожарот премине од другата страна на тампон зоната да можат да дејствуваат и да не биде загрозено селото.

„Опасноста е намалена и сега сме концентрирани кон шумите. Предмалку пожарот над селото Будинари повторно се разгоре од нигде никаде. Вчера бев очевидец, на едно место само малку чадеше, за неколку минути имавме пламен до небото. Огнени јазици високи по десетина метри. Борот е лесно запаллива материја, на него има смола. Оганот не ги гори целите дрвја, но ја гори смолата и лисјата. Затоа и тешко се справуваме со него. Додека пожарите кои се во шума со бука и друго листопадно дрво се релативно поедноставни за справување“, вели Ангелов.

Според него, не се точни тврдењата дека било каде локалното население го изгаснало кој било пожар. Не се точни ниту информациите кои синоќа се појавија на социјалните мрежи дека пожарот над Будинарци е веднаш до селото.

Инаку, пожарот кај Будинарци и натаму е најсериозниот од неколкуте активни пожари во Македонија и во неговото гаснење учествуваат и екипите од Словенија и Австрија, како и хеликоптер на АРМ. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека непристапниот терен и променливото темпо на пожарот се факторите кои го отежнуваат гаснењето.

„Пожарот не е до самото село Будинарци. Сите села се обезбедни, ниедно не е директно загрозено од пожарите“, изјави Стојанче Ангелов.

Активни пожари има и во општините Сарај, Петровец и Старо Нагоричане, додека пожарот кај делчевските села Разловци и Нов Истевник е под контрола, иако сè уште не е целосно изгаснат.

Романскиот противпожарен авион дејствуваше во околината на Прилеп, каде што веќе неколку дена гори на три локации кај селото Топлица.

Од ЦУК информираа дека бугарските пожарникари кои дојдоа на помош заминаа од Македонија, додека Австријците и Словенците продолжуваат да ја даваат својата поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање