Стојанов се заканува на полицаецот кој вчера беше на Деве Баир
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023 10:19
Првиот човек на бугарската фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов повторно се заканува.
Тој на Фејсбук нуди награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците кои вчера приведоа тројца бугарски државјани на граничниот премин Деве Баир. Стојанов се побуни дека не можеле да влезат во Македонија.
„Имавме собрани 10-тина автомобили на граница. Сите се договоривме да одиме на прославата на Гоце Делчев. Откако стигнавме на граница, сфативме дека контролниот пункт на северномакедонска страна не работи. Границата беше затворена пет часа“, вели за БТВ изјави претседателот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов.
Кажа дека имало дури и автобуси кои биле редовни линии меѓу двете земји. Смета дека не е дозволено, дури и ако причината е техничка, тоа да и се случи на земја која е кандидат за ЕУ.
Тројца бугарски државјани „заработија“ казни од по 300 евра и забрана за влез во Македонија за три години, затоа што навредуваа полицајци на граница.фото БГНЕС
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




