26 Април, 2024
0.0832

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка во деветте месеци годинава

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Воведување на конкурентни депозитни производи, наплата на достасано кредитно портфолио, зајакнување на депозитното јадро - ова е фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола вопрвите девет месеци годинава, стои во образложението на финансискиот резултат остварен во тој период кој банката годостави до Македонска берза. Банката се фокусирала и на контрола на оперативните трошоци од работење со што директно се делувало во насока на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2019-2023 година.

Банката оствари позитивен финансиски резултат за периодот 1од јануари до крај на септември односно добивка во износ од 0,77 милиони денари. Добивката од работењето пред исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства која е показател за оперативното работење на банката изнесува 63,63 милиони денари.

Нето-приходите од камати во првите девет месеци изнесуваат 222,29 милиони денари, што претставува остварување на планот за третиот квартал со 93,34 проценти. 

„Општиот тренд на намалување на каматните стапки придонесе за намалување на каматните маргини што се одрази и на остварувањето на приходите од камати за пласманите реализирани во овој период, стои во образложението.

Нето-приходите од провизии и надоместоци заклучно со третиот квартал од 2019 година изнесуваат 79,75 милиони денари со што планот е остварен со 102,58 проценти иако остварените износи се пониски за 7,78 отсто во однос на остварувањето од истиот период од минатата година.

Нето-курсните разлики бележат остварување на планот во третото тримесечје со 106,27 отсто иако во апсолутен износ истите се пониски за 1,17 милиони денари споредено со третиот квартал од минатата година.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 2,90 милиони денари, споредено со периодот 1.1.-30.9.2018 година, кога беа остварени поголеми вонредни приходи и капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е повисока во однос на третиот квартал од претходната година за 42,94 милиони денари, што се должи на проценките за квалитетот на дел од кредитното портфолио како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката.

Во периодот 1.1.-30.9.2019 година Банката ги зајакна активностите за продажба на дел од преземениот имот со цел трансформација на некаматоносната актива во каматоносна што резултираше со ослободување на загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа во износ од 14,07 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,53 процент споредено со истиот период лани, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 96,58 отсто. Останатите расходи од дејноста пониски за 1,65 проценти што главно е резултат на резервирања за потенцијални обврски за судски спорови во претходната година што не е случај во тековната година. Планот за вториот квартал од тековната година е реализиран со 100,2 проценти. Амортизацијата е зголемена за 24,39 отсто на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 104,02 проценти,

Во периодот 1.1.-30.9.2019 година, нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување. Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2018 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 29.5.2019 година, Банката не исплати дивиденда за 2018 година. Недвижностите и опремата бележат зголемување од 0,96% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2018 година.Обврските по кредити се намалени за 36,85% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2018 година што се должи на враќање на средства по основ на кредитни линии со поголема динамика од користењето на средства по овој основ.

Во периодот што следува Банката очекува стабилно макроекономско окружување, умерено забрзување на економскиот раст од околу 3,5 проценти при очекувана стапка на инфлација од околу 1,5 проценти до крај на тековната година.

„Прилагодувајќи го своето работење на деловната клима и потребите на клиентите, Банката и во престојниот период ќе ги презема неопходните мерки и активности за реализирање на поставените стратешки и деловни цели од Деловната политика, развојниот и финансискиот план за периодот 2019-2023 година.

Воедно, Банката со своето работење во целост останува насочена кон задоволување на потребите на клиентите преку понуда на иновативни производи и услуги со фокус на понатамошна дигитализација во работењето.

Банката и во наредниот преиод ќе продолжи со умерен раст на кредитната активност при истовремено интензивирање на активностите за наплата на  нефункционални кредити, континуирано следење на редовното портфолио, продажба на остатокот од преземениот имот. Одржување на оптимално ниво на депозитен потенцијал како од аспект на ликвидност, така и од аспект на профитабилност во работењето за креирање на предуслови за генерирање на позитивни финансиски резултати при прифатливо ниво на ризик ќе бидат главен приоритет, стои во образложението на финансискиот резултат.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија