27 Април, 2024
0.0274

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА: Позитивен финансиски резултат за првите 6 месеци и нето добивка од 52,42 милиони денари

Објавено во: Економија, Мои пари 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во првата половина од 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот COVID-19. Банката настојуваше да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација залагајќи се, пред сè, за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Од аспект на оперативно работење, фокусот беше ставен врз наплата на нефункционални побарувања што заедно со редовните нето-приходи придонесе за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.6.2020 година, односно нето-добивка во износ од 52,42 милиони денари.

Финансиски перформанси на Банката

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020 - 30.6.2020 година изнесуваат 144,33 милиони денари. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратно намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и сите останати мерки кои се преземааа во врска со настанатата ситуација со вирусот COVID-19, приходите од камати се пониски за 8,35% споредено со истиот период од минатата година и покрај растот на кредитната активност. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати кои заблежаа подинамично намалување од 15,01% така што нето-приходите од камати се намалија за 5,06%. Реализацијата на планот за нето-приходи од камати изнесува 86,96%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 22,98% споредено со претходната година. Притоа подинамичен раст имаа приходите од провизии и надоместоци, коишто се зголемија за 19,06% споредено со остварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020 – 30.6.2019 година. Најголем придонес кон растот имаа приходите од провизии од платен промет во земјата и странство, како и приходите од провизии од кредитирање. Расходите за провизии и надоместоци растеа со побавно темпо од 10,66%. Остварените нето-приходи од провизии и надоместоци се повисоки од планираните за 4,24%.

Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 5,23% на годишна основа, а реализацијата на планот изнесува 98,24%. Останатите приходи од дејноста се пониски за 26,72% што се должи на помалку остварени капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот во оваа позиција е реализиран со 89,45%.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 13,39 милиони денари што се должи на поголем износ на ослобоена исправка на вредност од наплатени нефункционални побарувања споредено со издвоената исправка на вредност согласно проценките за квалитетот на кредитните изложености. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е негативна и изнесува 0,54 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 3,46% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,03%. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 10,09%, што е главно резултат на повисоки материјални и слични трошоци за набавка на заштитни маски, опрема, како и повисоки трошоци за хигиена и дезинфекција поради преземање на сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во согласност со насоките и препораките од надлежните органи за спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Планот во оваа позиција е реализиран со 91,68%.

Амортизацијата е зголемена за 8,42% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 83,39%.

Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот 1.1.2020 - 30.6.2020 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2019 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 27.5.2020 година, Банката не исплати дивиденда за 2019 година.

Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата бележат намалување од 1,47% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2019 година.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити се намалени за 30,21% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2019 година, а тоа се должи на поголема динамика на враќање средства по основа на кредитни линии отколку користењето средства по оваа основа.

Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува, сè поизвесно е дека глобалната економија ќе се соочи со пад предизвикан од здравствената криза од вирусот COVID-19. Пад на економската активност во втората половина од 2020 година, со сите последици што ги повлекува падот, се очекува и во домашната економија. Во согласност со проекциите на Народна банка на Р.С. Македонија, кај бруто-домашниот производ се предвидува пад и навлегување во негативна зона од -3,5% во 2020 година.

Банката будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамиката на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност. Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите - правни и физички лица што ќе бидат најпогодени од очекуваната криза. Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува понатамошната дигитализација на дел од услугите и процесите, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум на физичкото присуство на клиентите во банките. Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели од Деловната политика, развојниот и финансискиот план, но доколку развојот на настаните наметне таква потреба Банката ќе пристапи кон ревидирање на поставените плански големини.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра