fake panerai watches Стопанска банка Битола растури! Расте кредитирање, зголемени депозити, ослободени резервации
02 Мај, 2024
0.0274

Стопанска банка Битола растури! Расте кредитирање, зголемени депозити, ослободени резервации

Објавено во: Финансии 23 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Во услови на силна конкуренција Стопанска банка Битола успеа да оствари профит што е четири пати поголем од 2020 година. Банката го зголеми кредитирањето, ги одржа нето приходите од кредити, ги зголеми нето приходите од провизии и ослободи 4,6 милиони евра од резервациите за ризични пласмани

Стопанска банка Битола имаше извонредна деловна година. Во услови на острата и најбројна конкуренција на средни банки во нашиот систем оваа банка лани оствари добивка што е за 4 пати повисока од профитот во 2020 година.

Лани Стопанска банка Битола успеа да ја одржи својата пазарна позиција и од најголемата приходна ставка акумулираше нето приход во износ од 4,7 милиони евра што е исто како и во 2020 година. Значаен раст лани оствари кај нето приходите од провизии и надоместоци. Резултатот е за 11 отсто подобар од претходната година и изнесува 2,48 милиони евра нето од провизии и надоместоци.

Иако станува збор за мало учество во вкупните приходи значајни растови на нето износи банката книжи кај нето приходите од курсни разлики (24 отсто повеќе од претходната година) и износ од 434.000 евра. Слично е зголемувањето и кај останатите приходи од дејноста. Лани достигнале 462.000 евра и се за речиси 20 отсто повисоки.

Клучно влијание врз добивката која изнесува 5,6 милиони евра имаше и позитивното салдо на резервациите за ризички кредити. На крајот на 2021 година банката ослободи 4,57 милиони евра резервации што е за 12 пати подобар резултат во споредба со 2020 година.

Токму ова во најзначајна мерка влијаеше позитивно на работењето на оваа банка.

На страна на билансот на состојба, резултатите се охрабрувачки и позитивни. Банката обезбеди раст на кредитните пласмани за 3,5 отсто во однос на 2020 година и тие достигнаа ниво од 112,9 милиони евра. Вложувањата во државни хартии од вредност во овој период достигнаа 3,8 милиони евра. Иако се многу мали во вкупната структура на вложувања тие се за 3 пати повисоки од 2020 година.

Лани вредноста на превземените средства за неплатени кредити достигнаа вредност од речиси 2 милиони евра што е за 2 пати повеќе од износот на превземените средства на крај на 2020 година.

Депозитната база на Стопанска банка Битола е зголемена за 10 милиони евра и достигна 157 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот