Стотици мигранти спасени крај брегот на Сицилија
Објавено во: Свет 28 Март, 2016
Шверцерите на луѓе откриваат нов правец кон Италија.
Околу 730 лица беа спасени вчера покрај бреговите на Сицилија, а германски весник соопшти дека поради ограничувањата за премин преку т.н.. Балкански пат шверцерите планираат да пренасочат повеќе мигранти кон брегот на Италија.
Италијанската крајбрежна стража и морнарицата одржаа шеста операција за спасување на луѓе во гумени чамци. Извадени од водите на Средоземното Море се мигранти, вклучувајќи 118 жени и 4 деца, кои ќе пристигнат денеска во италијанскиот град Поцало.
Шверцерите планираат од почетокот на април да користат рибарски бродови и мали товарни бродови за превоз на мигранти до Италија. Појдовни точки ќе бидат турското одморалиште Анталија, градот Мерсин до сириската граница и грчката престолнина, Атина, пишуваат медумите.