Странски фактор е вмешан во експлозијата во Бејрут?
Објавено во: Свет 07 Август, 2020
Постои можност да е вмешан странски фактор во експлозијата во Бејрут, вели претседателот на Либан, Мишел Аун. Тој спомена дека е можно да се работи за ракета или бомба. Аун денеска изјавил дека за најголемата експлозија во историјата во Бејрут ќе биде покрената истрага и можноста странски фактор да биде вмешан. Ќе биде истражено дали експлозијата се случила поради невнимателност или станува збор за несреќен случај. Аун претходно изјави дека големиот експлозивен материја бил складиран на пристаништето на небезбеден начин. Спасувачите ги пребаруваат рушевините за да пронајдат уште некој жив по експлозијата во која пред три дена загинаа 154 луѓе. Сеизмичкиот удар се почувствувал во целиот регион. САД претходно објавила дека не ја отфрлаат можноста дека станува збор за напад, а Израел кој во минатото неколку пати војуваше со Либан демантираше дека е вмешан на каков било начин. Многу жители на Бејрут велат дека не се во можност да ги обвноват своите домови, и напоменуваат дека во градот повеќе не постои начин да се работи и заработува. Светската здравствена организација (СЗО) апелира за помош од 15 милиони американски долари за покривање на итните здравствени потреби на Либан. Во експлозијата загинаа 154 луѓе.